Дојче Веле: Државен интервенционизам – Македонија се враќа кон социјализам!?
Објавено: 24 април, 2014, во 07:20 часот
Вработувања од буџетот, отпис на долгови, државни субвенции, повисоки плати и пензии, социјална помош, пониски и поврат на платени даноци…Македонските граѓани се наслушаа куп популистички мерки во изминативе недели.
Во битката за освојување на власта се ветува се` и сешто. Повеќе или помалку и власта и опозицијата се натпреваруваат во понудата со повеќе пари од буџетот. Се` ќе плаќа државата, но од каде и како, никој ниту прашува ни кажува! Државата е главен бизнисмен, но станува и енормен извор на социјални бенефиции. Во вакви услови, според упатените, клучно е прашањето колку ваквата политика е одржлива на подолг рок? Дали балонот ветувања, кој премногу се дува пред избори, може многу лесно да пукне? Колку е опасна политиката на државен интервенционизам во функција на социјален мир?
Застранување од политичките матрици на партиите

Експертите не гледаат спорно во политиката на државен интервенционизам, но предупредуваат дека ваквата практика може да чини скапо доколку излегува од рамките на пазарната логика. Александар Цветкоски од невладината Агтис предупредува дека политичките субјекти во Македонија застрануваат од своите идеолошки матрици. Она што во земјите со побогата демократска традиција е генерална определба и правило на партиите на левицата или десницата во Македонија се` повеќе станува исклучок:
„’Западњаците’ знаат дека ’левите’ сакаат интервенционизам, регулација и редистрибуција на собраните буџетски пари (заради тоа сакаат и повисоки даноци), а „десните“ да ја ослободат економијата од многуте закони, високи даноци, сакаат саморегулација на пазарот. Впрочем, изборните резултати се одразуваат дури и на котирањето на компаниите на берзите. Но тоа е идеално замислено и поранешно време. Сега е поинаку, односно, сега нема ниту ред, ниту правила.
Текстот во целост прочитај го тука.



