Пет стипендии од ЕСМ, МЕПСО и ЕВН за студентите на ФЕИТ

Објавено на 3 февруари, 2021 во 10:40

elem fin

03.02.2021

Трите македонски енергетски компании, деветти пат по ред, доделија стипендии на студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Пет студенти од ФЕИТ се нови стипендисти на АД ЕСМ, ЕВН Македонија и АД МЕПСО.
Стипендистите добиваат одлична финансиска помош со обезбедување средства за нивна едукација, можност за практична работа, како и можност за вработување во компаниите.

Во согласност со воспоставената практика од 2012 година, компаниите доделија пет стипендии на студенти од прва и втора година запишани на електроенергетските насоки на ФЕИТ, во студиската 2019 – 2020 година. Стипендиите се во износ од 8.000 денари месечно, и се доделуваат за 10 месеци, со можност за продолжување или за прекин. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, при што услов е просекот во текот на студирањето да биде над 8,0.

Компаниите најавија дека и во иднина ќе продолжат да го поддржуваат образовниот процес и создавањето кадри што моментно се неопходни на пазарот на трудот за развој на нашата економијa.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.