Фатен крадец „на лице место”, сузбиена група што крадела од банкомати
Објавено на 3 февруари, 2021 во 10:58
03.02.2021
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Куманово и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за насилен криминал на 02.02.2021 околу 04 часот во трговски центар во Куманово го приведоа А.М. (40) од Косово при обид насилно да украде поголема сума пари од банкомат сместен во трговскиот центар. По преземени дополнителни активности, во врска со ова кривично дело, на граничниот премин Јажинце приведени се Ф.Л.(42), Б.Х. (39) и Б.А.(50), сите од Косово.
Против приведените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Куманово, а од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор.
