Филипче: Волјата за вакцинација ќе се изразува еднаш, преку регистрација на сајтот кој се очекува да биде пуштев во употреба од утре
09.02.2021
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беше во посета на Поликлиниката Бит Пазар, каде што ќе се чуваат вакцините против Ковид-19.
Се одржа и состанок на кој, како што, вели Министерот се разговарало за тоа како практично ќе се спроведува процесот на вакцинација, согласно вакцините кои ќе пристигнат како ќе се пријавуваат, како ќе се прифаќаат и каде ќе се вакцинираат лицата.
-Капацитетот за вакцинирање на ден ќе изнесува 880 лица,тука во сите Поликлините во Здравствениот дом во Скопје, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
До сега пријавени се вкупно 4.000 здравствени работници од кои 2000 се од Скопје останатите се од други градови. Преку системот „Мој Термин“ ќе има опција да се избере дали се прифаќа вакцинацијата и потоа се одредува ден, време и пункт каде ќе се изврши самата вакцинација.
-Сајтот се очекува да биде во функција од утре, тоа значи дека буквално секој може да се пријави додека системот сам автоматски ќе ги определува приоритетите. Значи волјата се изразува еднаш, преку регистрација на сајтот, додаде Филипче.
Во текот на вчерашниот ден, Министерот остварил средба со Британската Амбасадорка за тоа какви мерки се превземале во Британија за спречување на британскиот сој на коронавирусот, но донеле одлука дека засега нема потреба да се отстапува од мерките кои се на сила и да се воведуваат нови.
Стефани Манева