УХМР: Не очекува променливо облачно и многу студено време
10.02.2021
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во текот на утрешниот ден не очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На планините на запад врнежите ќе бидат од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер.
За време на викендот, поради продор на многу студена воздушна маса од север, ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Ќе има локални врнежи од снег, а снежна покривка ќе се формира насекаде низ земјава, особено во западните и југозападните делови. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.
Стефани Манева
