АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, поради минирање на патниот правец Пресека – село Врбање, сообраќајот ќе биде прекинат
10.02.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.
Поради минирање на патниот правец Пресека – село Врбјане на 10.02.2021 од 12 часот до 15 часот, сообраќајот ќе биде во прекин околу 30 минути.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Стефани Манева
