УХМР: Денеска сончево време со умерена облачност, но температурите ќе останат ниски од -16 до 7 степени

Објавено на 17 февруари, 2021 во 08:21

sonce zima

17.02.2021

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови.

И денес утринските температури ќе бидат многу ниски, во делови од Пелагонија околу -20, а во останатите места од -16 до -7 степени.

Дневната температура ќе биде од -2 до 6 степени.

Во текот на следните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст. Сепак утринските ќе се задржат негативни, а на места ќе се спуштаат и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.