Докторка Јовановска и главна сестра Темелковска од Инфективна, се првите кои ја примија вакцината против корона вирусот
17.02.2021
Денеска во 10 часот, започна имунизацијата против Ковид-19, Докторката Добринка Наунова Јовановска и главна сестрата Габриела Темелковска од Инфективна болница се првите кои ја примија вакцината.
Весна Челиковиќ, медицински техничар од ГОБ „8 Септември“, е меѓу првите кои ќе се вакцинираат против ковид-19. Се пријавила по електронски пат уште пред два месеца и во понеделникот ја известиле дека денес во десет часот ќе се вакцинира.
– Не знаев дека ќе бидам првата што ќе се вакцинира во Македонија. Имам трема, но се надевам дека се ќе помине во најдобар ред. Пред да ме вакцинираат ме прегледаа и ми измерија притисок, рече Весна.
Прашан зошто не се вакцинира, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека не сака да ги земе дозите на неговите колеги.
– Дозите се броени, сакам да бидам сигурен дека ќе има доволно вакцини за сите. Инаку ќе се вакцинирам и јас, нагласи Филипче.