Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости во време на пандемија, следуваат кривични пријави

Објавено на 1 март, 2021 во 09:22

mvr logo

01.03.2021

По претходна пријава,во текот на вчерашниот ден, 28.02.2021, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Струмица, извршиле контрола во село Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од село Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

За настанот бил известен Јавен обвинител.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.