АМСМ: Патниот правец Велес- Градско е нормализиран, сообраќајот се одвива непречено по суви коловози

Објавено на 5 март, 2021 во 08:30

veles gradsko

05.03.2021

Ноќеска во 04:35 часот поради голем одрон во близина на поранешна фабрика Хив сообраќајот на патниот правец Велес – Градско беше во прекин.
Авто Мото Сојуз на Македонија известува дека од 07:30 часот сообраќајот на патниот правец Велес – Градско е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.