Започнува вакцинирањето со „Спутник V“

Објавено на 10 март, 2021 во 07:53

sputnik

10.03.2021

Во поликлиниката Јане Сандански во Скопје денеска почнува вакцинацијата против ковид-19 со вакцината „Спутник V“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“.

Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

– Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здравство.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.