Расте бројот на заразени и хоспитализирани од коронавирусот

Објавено на 10 март, 2021 во 08:17

infektivna klinika kovid centar modularna bolnica 5

10.03.2021

Бројот на новозаболени од ковид-19 и на хоспитализирани во земјава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, за изминати 24 часа, регистрирани се уште 872 случаи со ковид-19, 22 пациенти починати, 412 пациенти се оздравени.

– На инфективните оддели во земјава се лекуваат 899 пациенти со ковид-19 од кои 353 се во Скопје и има околу 330 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 108 350, бројот на оздравени пациенти е 95 822, на починати е 3 228, а на активни случаи изнесува 9 300. Од вкупниот број активни случаи 4 485 се во Скопје, 704 во Прилеп, 531 во Кавадарци, 428 во Охрид, 355 во Куманово, 318 во Неготино, 271 во Тетово, 267 во Гевгелија.

Вакцина против ковид-19 до вчера примиле 3 759 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

За вакцинација против ковид-19 до вчера се пријавиле 130 463 граѓани од кои 76 990 преку веб-страницата vakcinacija.mk, а 53 473 преку матичните лекари. Од вкупно пријавените за вакцинација 61 908 граѓани се на возраст над 70 години.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.