УХМР: Повремено облачно време со слаб северозападен ветар и температури до 14 степени
18.03.2021
Времето денеска ќе биде умерено до повремено облачно. Преку ден на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег и ќе дува умерен северозападен ветар. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен сверозападен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне 11 степени.
Во овој период ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Утринските температури до петок, во најголем дел од земјава, ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се покачат. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и од снег, на планините и на некои повисоки места, ќе започне во сабота.
