Уставниот суд ќе оддржи седница: На дневен ред Законот за јазиците и Законот за договорот од Преспа

Објавено на 18 март, 2021 во 08:54

USTAVEN SUD 1 700x433

18.03.2021

Подготвителна седница ќе оддржи денес Уставниот суд, а врзана а предметите во кои е оспорена уставноста на Указот за Законот за ратификација на договорот со Грција. Преспанскиот договор и Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Законот за употреба на јазиците.

Во таа насока, од Уставниот суд информираа дека во однос на Законот за ратификација на Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резулуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Указот за прогласување на Законот, до нив се поднесени седум иницијативи.

Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани.
Во однос пак, на Законот за употреба на јазиците и Указот за негово прогласување се поднесени вкупно 13 иницијативи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.