Филипче: Во моментов нема потреба од дополнителни мерки, доколку бројот на новозаволени расте следно сценарио е зголемување на полицискиот час и скратено работно време на угостителските објекти

Објавено на 19 март, 2021 во 12:51

thumbs b c 2d3f33dab113b567f28983d8606b7a2b

19.03.2021

Во моментов нема потреба од дополнителни мерки, но Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека зголемувањето на полицискиот час и скратување на работнотовреме на угостителските објекти е следно можно сценарио, доколку бројот на заболени расте.

-Следната недела ќе се прави нова евалуација. Денеска бројката на заразени од ковид -19 е под 1000 случаи и сметаме дека тоа се должи на веќе донесените рестриктивнии мерки, изјави тој.

На новинарско прашање како ќе го натера неселението да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека , по последните истражувања од анкетата на Брима според која дури 36 отсто од македонските граѓани не сакаат да се вакцинираат , а ја бараат вакцината на компанијата „Фајзер“, министерот посочи дека сите вакцини што пристигнуваат во РСМ се безбедни и нема причина за загриженост.

-Сакам да ги уверам граганите дека секоја вакцина што ќе пристигне ќе биде безбедна. Вчера дефинитвно тоа го демантираше и Европската Агенција за лекови, таа потврди дека вакцината на АстраЗенека е безбедна. Затоа сите европски земји кои го запреа вакцинирањето сега ќе го продолжат. Можно е да има и обештетување на несаканите последици од вакцините, посочи Венко Филипче и дополни дека кога ќе стигнат вакцините, тој прв ќе се вакцинира со вакцината на Астра Зенека.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.