Преку апликацијата за самопопишување заклучно со денешниот ден се евидентирани 99.409 лица

Објавено на 21 март, 2021 во 16:42

download

21.03.2021

Преку апликацијата се регистрираат македонските државјани кои се во странство поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.

Процесот на самопишување почна на 1 март, а ќе се одвива до 21 април 2021 година. Најмногу лица се регистрирани од Швајцарија, Германија и Италија.

Од 1 март до 15 март се попишуваа вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Северна Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица-државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Тие заедно со затворениците и бездомниците се попишуваа во првата фаза која на прес-конференција беше оценето дека е успешно завршена.

Пописот на населението во земјава ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година. Државниот завод за статистика објави и дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, за кој заинтересираните кандидати требаше да се пријават до 20 март 2021 година.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.