Османи: Споделуваме заеднички вредности со НАТО, стоиме рамо до рамо со нашите сојузници

Објавено на 23 март, 2021 во 10:11

c95f13bf72a240c78ad68f220c01f10b

23.03.2021

Оваа година прославуваме годишнина од полноправното членство во НАТО. Македонија денеска е дел од трансатлантското семејство на држави и стоиме рамо до рамо со нашите сојузници, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи кој во Брисел учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии.

-Ги споделуваме заедничките вредности и сме фокусирани врз заштита на заедничката безбедност, и ширејќи ги вредностите на НАТО во регионот, придонесуваме за надминување на заедничките предизвици заедно, изјави Османи пред почетокот на состанокот на Алијансата.

Ова е прв состанок на Советот што ќе се одржи со физичко присуство во седиштето на НАТО, по пауза од една година заради пандемијата со Ковид-19.

Министрите за надворешни работи ќе се осврнат и на развојот на агендата во врска со „НАТО 2030“, а се очекува да дадат свои коментари и сугестии во однос на идната геостратешка улога на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, како и да одобрат неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија.

– Министерот Османи, ќе биде прв политички претставник од Република Македонија кој физички ќе присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет од зачленувањето на нашата земја во НАТО, во март минатата година, што ќе биде искористено да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земји-членки на НАТО и партнери, соопшти МНР.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.