Вицепремиерот Димитров утре во официјална посета на Словенија

Објавено на 30 март, 2021 во 09:15

DIMITROV 2

30.03.2021

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре (среда, 31 март 2021 г.) ќе престојува во официјална посета на Љубљана.

Предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари средби со словенечкиот претседател Борут Пахор, министерот за надворешни работи Анже Логар, претставниците на Комитетот за европски работи во словенечкиот парламент, како и со пратениците од Комитетот за надворешна политика, а меѓу соговорниците за европската иднина на Северна Македонија, ќе бидат и европратеничката Тања Фајон со која Димитров исто така ќе се сретне за време на официјалната посета.

Темите за разговор со словенечките соговорници ќе бидат на иста линија како и разговорите во Германија, дотолку повеќе што Словенија ќе го преземе кормилото со Советот на ЕУ во втората половина од оваа година, а двете земји имаат тесна соработка во рамки на актуелното Трио. Поконкретно ќе се разговара за приоритетите на словенечкото претседателство особено проширувањето на ЕУ кое што е високо на нивната нивната агенда.

На средбите ќе се отворат теми повразни со билатералната помош која што во континуитет ја добиваме од Република Словенија, како наш традиционален партнер и поддржувач и која дава значителен придонес како за ЕУ реформите, така и за конкретни инфраструктурни проекти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.