28-годишна Македонка е на болничко лекување по вакцинацијата со „АстраЗенека“ во Србија

Објавено на 31 март, 2021 во 11:09

thumbs b c 22d53db5c81613c6c1b36a07dfd16c4f

31.03.2021

Кај нас е регистриран случај на девојка која има 28 години со таков тромботичен ефект кој се поврзува со примена една доза на вакцината „Астра Зенека” во Србија. Таа од вчера е на болничко лекување. Тромботичниот ефект се јавил шест до седум дена после вакцинацијата. Не се констатирани претходни заболувања, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Имајќи предвид дека еден дел од граѓаните се вакцинираше во Србија во изминатиот период, појасни, засега нема никакви препораки дека нешто превентивно треба да се прави ако некој примил една доза на вакцината на „Астра Зенека”.

– Сепак станува збор за многу ретки случаи. Во однос на ревакцината, сите граѓани кои се вакцинирани ќе бидат ревакцинирани согласно препораките кои ги очекуваме во следниот период. Значи ќе започнеме со оние други категории граѓани за што веќе ги собираме податоците тогаш кога ќе бидеме сигурни дека вакцинацијата со оваа вакцина може да продолжи и кај помлади луѓе. Имајќи го се ова предвид и ставовите на овие сериозни агенции за лекови, Германија и Канада ќе бидеме внимателни и ќе видиме во која насока ќе продолжиме,истакна Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.