Починати двајца пациенти во велешка болница како последица од ковид-19

Објавено на 31 март, 2021 во 14:10

bolnicavelesoddron fin

31.03.2021

Маж на 70 годишна возраст позитивен и лекуван на Инфективно одделение четира дена и жена на 68 годишна возраст лекувана еден ден на Инфективно одделение.

Денеска во Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани 88 ковид пациенти, од кои 67 се потврдени позитивни, 13 сомнителни и осум пациент се со негативен брис но задржан на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 41 пациенти.

Најголем број од ковид пациентите се лекуваат на Инфективно одделение односно 53, на Интерно одделение 12 и во Модуларна болница 23 лица.

Во текот на денот испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.