АМСМ:Од денеска започнуваат градежни работи на магистралнот пат А3 правец Ресен – Охрид
Објавено на 1 април, 2021 во 07:48
01.04.2021
На магистралниот пат А3 правец Ресен – Охрид почнувајќи од денеска, 01 април, пред влезот во Охрид, ќе се изведуваат градежни работи. На местото на изведувањето на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Авто Мото Сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Стефани Манева