Напредок во извештајот на ГРЕКО за Северна Македонија
01.04.2021
Република Северна Македонија со позитивни оценки од страна на ГРЕКО. Од СДСМ соопштија дека е постигнат е напредок во делот за препораките за борба против корупција.
“Последниот Извештај на ГРЕКО за Република Северна Македонија за препораките од петтиот круг на евалуација нотира напредок во делот за препораките за борба против корупција. Препораката за објавувањето на имињата и висината на хонорарите на советниците на Владата и министрите, како и фактот дека за сите советници се применува тестот за интегритет е оценета од ГРЕКО како целосно реализирана. Позитивна оценка доби и носењето на новиот Кодекс за етичко однесување, а посебен акцент е ставен на фактот дека се постапува согласно сите одредби од Кодексот, односно дека веќе има случаи на разрешени функционери. Досега, имплементирани се 13 од 23 забелешки на ГРЕКО, а останатите ќе бидат имплементирани до септември идната година.” – стои во соопштението на СДСМ.