Ќе се вакцинираат 5.000 граѓани дневно: Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“
01.04.2021
Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација. Според најавите на министерот за здравство Венко Филипче во салата ќе се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно.
„Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично“, изнформираше Филипче.
Министерот посочи дека вакцината на АстраЗенека нема да биде наменета за лица под 60 години. Ваквата мерка ќе биде преземена по укажувањето на Агенцијата за лекови во Канада и Германијa.
„Почнуваме со постарите граѓани, кај кои ваквите несакани ефекти не се случиле. Во меѓувреме ќе пратиме писмо до ЕМА, а до тогаш ќе ги примениме препораките на овие две земји. Значи овие вакцини нема да ги даваме на лица помлади од 60 години. Секако фокус се постарите граѓаните“, порача Филипче.