По Берлин и Љубљана, Димитров денес во посета на Загреб

Објавено на 1 април, 2021 во 09:01

Dimitrov 1 610x400

01.04.2021

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе престојува во работна посета на Хрватска.

Вицепремиерот Димитров ќе биде примен од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Горан Грлиќ- Радман.

На средбите ќе разговара во контекст на зацврстување на хрватската поддршка за процесот на проширување на ЕУ на Западен Балкан, по вложените напори за време на хрватското претседателство кога Северна Македонија ја доби одлуката за почеток на пристапните преговори.

Ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на традиционално блиската билатерална соработка за успешно спроведување на европските реформи и конкретната поддршка на Секретаријатот за европски прашања во таа насока

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.