Пендаровски: Се пријавив за вакцинација, ќе ја примам вакцината што ќе биде достапна во тој момент

Објавено на 5 април, 2021 во 11:07

pendarovski GA MA 678x381

05.04.2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска потврди дека пред неколку дена се пријавил на веб-страната за вакцинација, додавајќи дека ќе се вакцинира согласно државниот план објавен од Министерството за здравство.

– Се разбира дека ќе се вакцинирам со вакцината што ќе биде достапна во тој момент. Ова го велам затоа што постојат контроверзии за различни видови на вакцини и можам да ве уверам дека се што е одобрено во нашата држава од надлежен авторитет и власт е проверено. Сите вакцини што се увезени и се аплицираат врз нашите граѓани се 100 проценти проверени, исто како да се вакцинирате во која било европска држава, изјави претседателот Пендаровски одговарајќи на новинарското прашање на денешната промоција на поштенската марка издадена по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Тој додаде дека нема потреба од сомнежи за тоа што некој се вакцинира со одредена вакцина, бидејќи наводно била посигурна од другите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.