Полицискиот час се поместува од 20:00, целосно затварање на угостителските објкети

Објавено на 5 април, 2021 во 13:03

d19c70cf resize 820x0x100

05.04.2021

Премиерот Зоран Заев истакна дека на денешната владина седница се донесени дополнители мерки против ковид-19, бидејќи податоците покажале дека британскиот сој во земјава зема замав.

– Во пресрет на затоплувањето и претстојните празници, а со цел одморање на здравствените работници моравме да донесеме нови мерки. Бројот на новозараени расте. Бројот на починати расте. Ова е најголемото оптоварување на здравствениот систем од почетокот на пандемијата. Ова е моментот кога треба да ги пресретниме новите влошувања, рече Заев.

Тој ги наброја новите мерки:

– Прво, забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наутро, почнувајќи од утре до 20 април. Целосна забрана за посетителе на сите угостителски објекти, а продажбата на храна да се одвива со нарачки до дома или надвор од угоститилескиот објект почнувајќи од 7 април до 20 април. Исклучок се угостителските објекти на аеродромите, но и оние во мотелите. Целосна забрана за посетители во обложувалниците. Од утре целосна забрана и на фитнес клубовите, се забрануваат и семинарите, работилници, рече Заев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.