Полицискиот час не го почитувале 62 лица додека 482 не носеле маска
Објавено на 7 април, 2021 во 08:43
07.04.2021
Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 62 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 482 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.