До вчера вакцинирани се околу 13.000 граѓани во земјава
07.04.2021
Вирусот од ден во ден се повеќе човечки животи зема. Во земјава од вчера вечер на сила стапи новиот полициски час кој започнува од 20-05 часот. Властите сметаат дека оваа мерка ќе даде резултати.
-Нема да издржиме ако се опуштиме пред верските празници, како што беше случај лани. Во изминатиов период имаше голем притисок во здравствениот систем.Минатата година за празниците се искомплицира состојбата со ковид 19.И затоа сега ги воведуваме овие мерки во овој трет најсилен бран истакна министерот за здравство Венко Филипче.
Бројките кажуваат дека до вчера во земјава се вакцинирани околу 13.000 граѓани, од кои досега не се пријавени несакани последици од вакцинацијата.
-Имаме најави дека помеѓу 15 и 20 април треба да стигнат кинеските и фајзер вакцините од нашиот директен договор и од трипартитниот со Европа. Тогаш кога ќе имаме конкретен датум ќе го соопштиме, вели министерот за здравство, Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.