Филипче: Се надевам дека и другите болници ќе го следат примерот на „Жан Митрев“
Објавено на 8 април, 2021 во 11:33
08.04.2021
Министерот за здравство Венко Филипче ја поздрави одлуката на Клиниката „Жан Митрев“ бидејќи ги намали цените за лекување на ковид пациенти.
– Драго ми е што мојата иницијатива за намалување на цените на овие услуги во приватните установи вродува со плод. Се надевам дека и другите ќе го следат овој пример, напиша Филипче на својот фејсбук профил.
Од Клиничката болница „Жан Митрев“ пак соопштија дека согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да им излезат во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, од денеска овозможува пакети за лекување од Ковид-19.
