Мерките против Ковид-19 делуваат но потребно е максимално придржување до истите
14.04.2021
Бројот на починати по компликации со Ковид -19 се уште е висок. Надлежните велат дека мерките делуваат но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.Тие информираат дека ситуацијата со коронавирусот е сериозна и дека е забележано благо зголемување на притисокот врз ковид центрите.
-Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација, На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата. Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци. Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, Има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години, информираат од министерството за здравство.
Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари.
-Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.