Вкупно 27 лица ја прекршиле забраната за движење и 435 санкции за не носење маска
Објавено: 14 април, 2021, во 08:43 часот
14.04.2021
Во период од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 27 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 435 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
