Филипче: Бројот на новозаболени и хоспитализирани со ковид-19 се намалува но мора да останеме внимателни
Објавено на 21 април, 2021 во 10:15
21.04.2021
Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, се зголемува бројот на исписи на пациенти со ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
– Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот, додава Филипче во објавата.
Тој посочува и дека на редовната утринска координација со директорите на клиниките разговарале за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид – центрите и ротациите со персонал.
