ДС: Потребни се од три до четири години за успешна имплементација на фигиталните учебници
21.04.2021
Од Демократскиот сојуз соопштуваат дека основа на анализата на ЕУ за дигитализација во образованието, која опфаќа околу 40 образовни системи (28-те членки на ЕУ и Албанија, БиХ, Северна Македонија, Швајцарија, Лихтенштајн, Црна Гора, Норвешка, Србија, Турција и Исланд) искуствата покажуваат дека во државите членки на ЕУ, како и во други поразвиени држави, дигиталното образование во основното, средното и високото образование е во многу понапредна фаза и има успешни примери за практичната примена.
„Демократскиот сојуз смета дека дигитализацијата во образованието е неопходен процес и истата треба да се прави постепено и врз основа на разработен концепт. Најпрво, потребно е да се направат технички подготовки во основните и средни училишта и факултетите, да се едуцираат наставниците и професорите, како и самите ученици и студенти. Онлајн наставата е добра основа за да започне поинтензивна дигитализација и во македонскиот образовен систем“, велат од партијата.
Во врска со дигиталните учебници тие предлагаат да има преоден период од 3-4 години во кој ќе се применува и електронска и печатена верзија на учебниците.
„На овој начин ќе се обезбеди потребното време за адаптација и подготовки за успешна имплементација на дигиталните учебници, како и чекорите кои ќе следат во понатамошната дигитализација на образованието. Демократскиот сојуз и понатаму има резерви околу концептот на основно образование, посебно во врска со групирањето на повеќе предмети во еден, историјата да не биде самостоен предмет и сл“, стои во соопштението на партијата.
