Бензините поевтинуваат за 4,5, а дизелот за 1,5 денари
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4,5 денари, а цената на дизел горивата за немалува за 1,5, односно два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со oдлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,73, односно 3,28 отсто.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 80,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,5 денари по литар и ќе чини 72 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за два денара по литар и ќе се продава за 60,50 денари.
Како причина за намалувањето на малопрадажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,93 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,003 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.