Меѓународната заедница бара итно решавање на кризата!
Објавено на 27 февруари, 2013 во 22:34
Евроамбасадорот Аиво Орав изјави дека бојкотот не е добар чекор и дека се уште има можност за решение.
Пораката на Орав ја пренесе Радио Слободна Европа.
„Случувањата на 24 декември не беа добри, но исто така не верувам дека бојкотот на локалните избори е добар чекор. Мислам дека оваа недела постои мал прозорец на можности за лидерите и за политичките партии да изнајдат решение за излез од политичката криза. Ако не се изнајде решение оваа недела, тоа ќе значи дека постои голема опасност не само за политичките лидери и политички партии, туку и за граѓаните“, изјави Орав.
