Облачно со пороен дожд!
Објавено: 26 февруари, 2013, во 07:40 часот
Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со поројни врнежи од дожд наместа проследени со грмежи, особено во источните и југоисточните делови на земјава.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а дневната од 8 до 15 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 13 степени.


