Се удави маж во надојдената река Длабочица!
Објавено: 26 февруари, 2013, во 13:52 часот
Се удави Радован.С, педесет и едногодишен жител на село Цветишница, кога синоќа се обидувал да ја помине реката Длабочица.
Несреќниот маж заедно со Д.С од село Длабочица ја поминувале реката и во тој момент надошло поголемо количество вода. Д.С успеал да излезе а Радован С. не успеал да се спаси.
Телото на починатиот е пронајдено денеска на оддалеченост од околу два километра од местото на случката.
Теренот бил непристапен и била побарана помош од специјалните единици на Министертвото за внатрешни работи кои учествувале во вадењето на телото од реката./Е.Н
