Сончево со умерена облачност!
Објавено на 28 февруари, 2013 во 08:29
Времето денеска во Македонија ќе биде стабилно и суво.
Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од -3 до 4, а дневната од 5 до 12 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура до 2 и со дневна до 10 степени.
