Стејт департментот го повтори повикот за крај на кризата во Македонија!

Објавено на 28 февруари, 2013 во 08:59

 

„Шефовите на мисиите на американската Амбасада во Скопје, на Европската Унија и на ОБСЕ објавија соопштение на 27 февруари, во кое повикуваат на итни мерки за да се надмине актуелната политичка блокада. Продолжуваме да ги повикуваме Владата и опозицијата во Македонија да постигнат решение.“

 

Ова, како што јавува МИА, го изјавиле во Стејт департментот по најавите за бојкот на локалните избори од страна на дел на опозицијата во Македонија.

Шефовите на дипломатските мисии во Скопје во соопштението оценија дека се загрозуваат аспирациите на граѓаните за подобра иднина и политичката стабилност на земјата, и ги повикаа политичките лидери да и стават крај на политичката криза.

 

Извор: Радио Слободна Европа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.