Жителите на четири струмички спасуваат жива глава од поплавата!

Објавено: 26 февруари, 2013, во 14:23 часот

Селата Просениково, Дабиле, Муртино и Сачево се целосно под вода откако се излеа реката Струмица. Водата не престанува да надоаѓа а се излеваат и други водотеци во струмичкиот крај.

„Овие села буквално личат на езера. Сѐ е под вода. Нема куќа што е не е поплавена, а во некои од нив водата е навлезена и до првиот кат. Жителите се во паника. Некои од нив беа затечени од надојдените води и едвај успеаја да излезат од своите домови за да се спасат од поплавата. Противпожарни единици се на терен и се борат со сите расположиви возила и механизација. Во акцијата за спасување се вклучени и вработени од други јавни установи, но и од приватни фирми“, пишува во соопштението на општината Струмица.

Жителите на Струмичко се обидуваат да спасат што можат од покуќнината велејќи дека не паметат ваква катастрофа.

Во справувањето со поплавите биле вклучени сите расположливи ресурси изјави Кирил Парталов, командант на општинскиот кризен штаб. На терен бил и градоначалникот Зоран Заев.

„Состојбата се влоши рано утрото кога надојдените води од реките Струмица и Струмешница прво го поплавија селото Проесениково, а потоа и Дабиле и Сачево. Во моментов најкритично е во Муртино“, информира од општината./E.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.