Македонија под Суптропски антициклон, пред нас тропски ноќи и пеколни денови

Објавено: 26 јуни, 2026, во 08:54 часот

Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево. Нема некој изразен ветер ова утро, температурите забрзано растат од час во час, пишува Метео аларм.

Инаку, Територијата на Македонија до вторник, 30 јуни ќе се наоѓа под влијание на Суптропски антициклон кој ќе одржува да имаме претежно стабилно, суво, сончево и многу топло време со многу високи температури на воздухот кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 40 степени. Повремено ќе засилува фенски ветер од источен и од североисточен правец, објасни метеорологот Славчо Попоски.

Ув индексот за време на овој топлотен бран во Македонија ќе биде многу висок и ќе има вредност 9. Токму поради ова апелирам граѓаните, особено оние повозразните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот). Исто така на граѓаните ги советувам да пијат повеќе течности и да се ладат во овие многу топли летни денови.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.