Македонија под валкан дожд – врнежи со комбинација од Сахарската прашина и песок
Објавено: 15 април, 2026, во 08:52 часот
Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на изразено јужно воздушно струење кое условува од Сахара кон Македонија поголема количина на прашина и песок па токму поради ова и атмосферата е значително заматена и нечиста.
“Во исто време од југ облачноста ни се зголемува па токму ова ќе услови оваа ноќ како и утре претпладне 15 април 2026 среда да имаме локални врнежи од дожд во Македонија и тоа особено во западните и во јужните предели. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен повремено и со умерен интензитет.
Во коминација со Сахарската прашина и песок дождот кој го очекувам оваа ноќ и утре претпладне 15 април 2026 среда ќе биде валкан односно помешан со Сахарската порашина и песок.

Во Скопје и околината исто така оваа ноќ и утре претпладне 15 април 2026 среда ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утре 15 април 2026 среда наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени а максималните температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 9 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 20 степени. Тоа значи дека и покрај променливото време со локални врнежи, сепак пролетните температури остануваат во Македонија,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк



