Македонија под влијание на екстремно топол бран!

Објавено: 22 јули, 2025, во 08:42 часот

Територијата на Македонија во текот на оваа работна недела ќе биде под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец, гласи временската прогноза на метео прогнозерот Славчо Поповски.

„И во Скопскиот регион во текот на оваа работна недела времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно  од западен и од југозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат и 40 степени, односно, во Повардарието, вклучувајќи го и Скопскиот регион температуите ќе се искачуваат до околу 42/43 степени.

Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова апелирам, граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, од 10 до 17 часот, и да пијат повеќе течности,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.