Македонските граѓани можат да примат бустер доза и во Србија

Објавено на 19 ноември, 2021 во 11:34

Српските медиуми објавија дека во Здравствениот дом Врање е одобрено давање на третата, бустер доза од вакцината и за македонските граѓани, почнувајќи од денешниот ден.

Бустер дозата од вакцината против Ковид-19 се дава на сите луѓе кои ја завршиле својата примарна вакцинација, со прва и втора доза.

-Македонските граѓани најмногу се вакцинираа во Врање, за што сведочат бројките на дадените вакцини. Над 24.000 дози од првата и втората вакцина примиле граѓаните на Северна Македонија, а сите сега можат да ја примат третата, бустер доза, на новиот пункт за вакцинација во центарот на градот, истакнуваат српските медиуми.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.