Маричиќ: Следната недела ќе има конкретен план за функционирањето на Владата
Очекуваме наредната недела веќе да излеземе со конкретен план затоа што е тоа како ќе функционира Владата по најавената оставка на премиерот Зоран Заев, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во одговор на новинарско прашање околу оставката на претседателот на партијата Зоран Заев.
-Денеска ќе има серија на средби, а очекуваме од идната недела да излеземе со конкретен план, затоа што е важно и за граѓаните и за државата. Нас ни е приоритет да се зачува парламентарното мнозинство, бидејќи тоа е и волја на сите коалициони партнери и да ја најдеме, секако, најдобрата формула како да продолжи да функционира Владата во овој момент, рече Маричиќ
Како што информира досега имале неколку средби на повеќе нивоа, а денеска има сериозна серија на средби на кои се прави оценка и на одговорноста на централниот изборен штаб и на сите нивоа.
-Ќе има сериозна серија на средби, ќе се прави оценка на одговорноста на Централниот изборен штаб и на останатите нивоа, а потоа ќе се договориме што ќе следи во смисла на поднесување одговорност, кажа Маричиќ.