Метеоаларм предупредување: Циклон со центар над Туренско Море ни носи невреме!

Објавено на 18 јуни, 2025 во 09:00

Во се до петок, 20 јуни, атмосферата нема да биде стабилна и тоа поради влијанието на плиткиот циклонски систем со центар над Туренско Море. Во ваква ситуација во државата ќе имаме повеќе облачност, а во попладневните часови ќе ни се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам локални поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, предвидува метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Поради загреаната атмосфера која е исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град кој би можел да биде покрупен. И во делови од Скопскиот регион до петок, 20 јуни, во попладневните часови ќе има услови за развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер како и можност за појава на невреме.

Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се престојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат  и да не ги оставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

Што се однесува до температурите во државата, до петок, 20 јуни, ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, а во Скопје до околу 34/35 степени.

За време на викендот,сабота и недела, 21/22 јуни, времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика пад на дневните температури за 3 до 4 степени во споредба со сегашните поточно од 24 до 32 степени. Наутро, ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервал од 8 до 18 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/, додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.