Метеопрогнозерот Поповски: Пролетта пристигна, но утринава е студено со ниски температури под нулата

Објавено на 20 март, 2024 во 09:20

Пролетта на Северната хемисфера почна денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почна есента. Пролетта ќе трае 92 дена, до 20 јуни кога ќе почне летото.

На првиот ден од пролетта, Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и 9 минути.

На првиот ден од пролетта, најавуваат студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност.

-Пролетта започна, но утринава како што најавивме е студено со ниски температури на воздухот кој речиси насекаде се под нулата. Најстудено ова утро е на Попова Шапка каде се измерени дури -9 степени, соопшти метеопрогназерот Славчо Поповски.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 11 до 18 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.