МНР ја објави официјалната верзија на Протоколот со Бугарија

Објавено на 29 јули, 2022 во 15:07

Министерството за надворешни работи денеска ја објави официјалната потпишана верзија  од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија.

Верзијата може да се види на следниот ЛИНК.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска на 17-ти јули во Софија го потпишаа Протоколот. Потписот на двајцата министри врз документот, кој воедно е записник од втора седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање пат кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

„Сите коишто беа вклучени максимално се вложиле за да има проекти, меморандуми, документи со кои односите меѓу нашите две држави отвораат едно ново поглавје, во коешто во сите сектори ќе се поврзуваат луѓето, бизнисите, различните институции, со цел таа соработка да биде поблиска, поплодна, заснована на меѓусебна доверба, како блиски пријатели, како со сојузници во НАТО и се надевам во скоро и како сојузници во ЕУ“, рече Османи пред речиси две недели.

Во делот за измени во учебниците, во Протоколот се посочува дека Комисијата ќе ги носи главните одлуки.

Двете држави ќе ги усогласат, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот, методолошките упатства, учебниците и други релевантни учебни материјали, соодветно со препораките на Комисијата, во период не подолг од две години по нивното одобрување од Заедничката комисија по чл. 12.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.