МНР со благодарност до Грција за спасувачката акција на нашите државјани

Објавено на 11 јули, 2022 во 09:59

Нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција рано наутро добиле потврда дека продолжува и денеска потрагата со спасувачка акција во полн капацитет- хеликоптер и бродови- како претходните два дена по исчезнатиот наш државјанин во местото Посиди, Грција, соопштија од македонското МНР.

Здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, истите се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болница.

„Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и секоја информација навремено ќе биде пренесена. Би сакале да упатиме благодарност до крајбрежната стража на Грција, грчкото воено воздухопловство и локалното население/волонтерите вклучени во потрагата за нивниот неизмерен труд и пожртвуваност“, додаваат од Министерството.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.