МСПДМ: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за јуни
Објавено: 10 јули, 2026, во 16:57 часот
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека од четврток, 9 јули, започна со исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни, годинава.
„Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно “ соопштија од министерството.
Исто така, и корисниците кои не користат картички од вчера можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Дума.мк
